Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека Српска ќе прогласи независност од БиХ доколку властите во Сараево со поддршка на меѓународната заедница се обидат да и го конфискуваат имотот.
„Западот со децении не криеше дека има намера да ја укине Република Српска, целосно да го намали нејзиното значење и на тој начин да создаде централизирана и унитарна БиХ. Доколку светската заедница се обиде да наметне закон за сопственоста, Република Српска нема да се колеба да прогласи независност“, рече Додик во интервју за РИА Новости.
Тој посочи дека Република Српска нема да дозволи Босна и Херцеговина да влезе во НАТО.