Болсонаро обвинет за перење пари и криминални врски
Бразилската полиција го обвини поранешниот претседател на земјата Жаир Болсонаро за перење пари и криминални врски во врска со непријавени дијаманти што ги добил од Саудиска Арабија за време на неговиот мандат, изјави извор запознаен со ова прашање.
Друг извор потврди дека има обвиненија против Болсонаро, без да прецизира какви. Двата извора зборувале под услов да останат анонимни бидејќи не биле овластени да зборуваат јавно, пренесува БТА.
Врховниот суд на Бразил сè уште не го добил полицискиот извештај со обвиненијата. Кога тоа ќе се случи, јавниот обвинител на земјата, Пауло Гонет, ќе го проучи документот и ќе одлучи дали да поднесе официјално обвинение.
Болсонаро и неговите адвокати негираат секаква поврзаност со случајот, како и со многуте истраги против поранешниот претседател.