Злате Мехмедовиќ нов директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација

Доктор Злате Мехмедовиќ ќе биде новото решение за директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје.

Мехмедовиќ во моментов ја извршува функцијата на портпарол на Комисијата за заразни болести.

Роден е на 18 ноември 1976 година. Бил поранешен директор на Здравствниот дом на Скопје и поранешен претседател на Македонското здружение за медицина на трудот.

Работи како координатор на Надзорниот одбор за реформи во ПЗЗ, координатор за дигитализација во здравството, национален координатор на Светската здравствена организација за ПЗЗ, национален координатор на СЗО за човечки ресурси во здравството и национален координатор на СЗО за тимовите за ургентни состојби.

Доктор Соња Николова е нова директорка на Институтот за радиологија, потврдија од Министерството за здравство.

Министер за здравство Арбен Таравари направи повеќе смени на директори на јавни здравствени установи, а најави уште неколку до крајот на неделава.

Доктор Игор Стојковски беше назначен за директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, доктор Андон Чибишев за директор на Клиниката за токсикологија, а поранешниот министер за здравство – Фатмир Меџити стана директор на Клиниката за неврологија.