Леброн Џејмс на 39 години потпиша нов 2-годишен договор со Лејкерси

Леброн Џејмс потпиша двегодишен договор со ЛА Лејкерс вреден 104 милиони долари.

Во договорот на Леброн ќе има и клазула според која тој може да блокира „трејд“ во кој учествува.

Од НБА играчите само уште Бредли Бил од Феникс има таква опција.

Леброн со 39 години е најстариот активен НБА играч, кој со овој договор ќе ја продолжи кариерата на 23 сезони.