Демонизирањето на крајната десница повеќе не функционира, изјави премиерката на Италија, Џорџа Мелони по повод победата на ултрадесничарската партија Народно собрание во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција.
– Постојаниот обид да се демонизираат луѓето кои не гласаат за левицата е замка во која паѓаат сè помалку луѓе. посочи лидерката на ултрадесничарската партија Италијански браќа.
Таа додаде дека тоа го има во Италија, но се повеќе и во Европа и на Запад.