Британски нуркач се удави во Грција додека истражуваше потонат брод
Британски турист трагично загина нуркајќи во близина на познат грчки потонат брод, пишува „Сан“.
33-годишниот маж се удавил додека нуркал кај потонатиот брод Епаноми во Солун поради „немирно море“, јавуваат локалните медиуми.
Нуркачот влегол во неволја во неделата попладне, поради лошото време.
Официјален претставник на крајбрежната стража изјавил дека кога пливал, времето се променило и почнало да врне.
– Веднаш се испратени чамец за спасување и брза помош, но додека пристигнале тој бил извлечен од водата без свест, вели службеникот.
Тој изјавил дека од водата го извлекол храбар пливач.
Службеникот додаде дека Капетанијата на пристаништето Миханион ја истражува несреќата и дека ќе биде извршена обдукција.
Трагедијата го зголеми бројот на загинати туристи во Грција на девет од почетокот на јуни, откако минатиот петок во Спецес беше откриено телото на британскиот морнар.