Нападнат полицаец кој ја обезбедувал амбасадата на Израел во Белград, напаѓачот е убиен

Непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел застрелал припадник на српската Жандармерија кој бил на безбедносна должност во израелската амбасада. Напаѓачот е убиен, а полицаецот е повреден.

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека нападот врз припадникот на Жандармеријата се третира како акт на тероризам.

„Специјалното обвинителство го презеде раководењето со случајот“, изјави Дачиќ пред новинарите во Ургентниот центар каде го посети повредениот полицаец.

Претходно, Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека околу 11 часот на 29 јуни, непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел застрелал припадник на Жандармеријата кој бил на безбедносна должност во израелската амбасада, удирајќи го во вратот.

Припадникот на Жандармеријата М.Ј.(1990) во самоодбрана употребил оружје и го победил напаѓачот, кој од здобиените повреди починал.

„Се истражуваат сите околности на нападот и можните мотиви“, изјави Дачиќ.

Презентирајќи етали за нападот, Дачиќ рече дека напаѓачот неколку пати му пришол на полицаецот прашувајќи за музејот и други работи, на што полицаецот одговорил дека во близина нема музеј.

„Тогаш тоа непознато лице повторно се вратило, ја отворило вратата од куќата пред амбасадата, со себе носел торба од која извадил самострел и го удрил полицаецот во вратот“, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека, според информациите со кои располага, полицаецот веднаш реагирал, го извадил пиштолот и го застрелал напаѓачот.

„Тој испука неколку куршуми кон напаѓачот и по околу половина час е констатирана неговата смрт“, рече Дачиќ.

Жандармот со стрела во вратот е пренесен во Ургентен центар и во тек е операција за лекарите да ја извадат стрелата и да му ги санираат повредите.