Претседателката на Народното собрание на Република Србија – Ана Брнабиќ синоќа на мобилниот телефон добила снимка од еколошки активисти на која и се упатуваат страшни закани.
Таа добила порака од Милош Кувекаловиќ, од здружението „Одбранимо Каблар“, од протестот во Лозница.
„Ако не ни ги исполнат барањата во следниот период, знаете луѓе, кога ќе ви се јавиме по втор пат, оставете ги децата дома“ – е цитатот што се слуша во видеото и го изговара активистот Драган Симовиќ.
Кувекаловиќ заедно со видеото и напишал „срдечни поздрави“ на Ана Брнабиќ.
Ова е првпат еден од еколошките активисти отворено и директно да им се заканува на највисоките државни функционери контактирајќи ги директно на мобилен телефон и тоа во 22 часот.