(Видео) Голем пожар во Макарска, се запали луксузна јахта

Луксузната јахта „Ацептус“ закотвена во пристаништето Макарска се запали синоќа пред полноќ, а од засега неутврдени причини пожарот брзо се проширил.

Во моментот на пожарот на бродот имало три лица, но тие не се повредени.

Во интервенцијата учествувале сите противпожарни единици од областа Макарска, а борбата со пожарот траела цела ноќ.

Во гаснењето учествувале 11 противпожарни возила и еден противпожарен еколошки брод, јавува денеска порталот Далмација.

„Синоќа на 28 јуни околу 23.50 часот во Макарска на брегот на лежај избувнал пожар на пловен објект долг 24 метри. На него имало три лица кои не се повредени. Поради гаснењето на пожарот што е во тек, крајбрежјето е затворено за сообраќај… Кога ќе се создадат услови за тоа, ќе се изврши увид“, соопштија од полицијата.

Оштетувањето на јахтата „Ацептус“ која плови под знамето на Малта „ќе биде значителна“, пишува хрватскиот портал.