Основниот суд во Приштина му одреди денеска едномесечен притвор на поранешниот припадник на Полицијата на Косово, Александар Влајиќ, осомничен за кривичните дела „Шпионажа“ и „Неовластено поседување, контрола или сопственост на оружје“.
Влајиќ, како што соопштија надлежните органи, бил уапсен во средата навечер по неколкумесечни истраги на Косовската разузнавачка агенција (КИА) и косовската полиција.
Според медиумите во Приштина, Влајиќ се сомничи дека вршел шпионски дејствија во корист на разузнавачките служби на Србија.
Пред една недела за истото дело во Урошевац беа уапсени две лица, косовски Албанци, на кои исто така им е одреден едномесечен притвор.