Ружин: Еуфоријата на големата победа ќе почне да стивнe, немаме проблем со Бугарија – туку со ЕУ

„Еуфоријата на големата победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе почне да стивнe и сите тие ветувања кои беа ирационални и без основа ќе почнат постепено да ги повлекуваат, бидејќи е јасно дека – Преспанскиот договор е завршена работа и дека е смешно да се употреби постојано изразот „нашата држава“, „нашата земја“, што уште пострашно од порано кога имавме име“ – вели во изјава за „Фронтлајн“, Нано Ружин, поранешниот амбасадор во НАТО, коментирајќи ги јавните судири во триаголникот Скопје, Софија, Атина.

– Сметам дека треба од Претседателката, преку премиерот до министрите, да го корегират својот однос и да почнат да го употребуват изразот, името на државата – Северна Македонија, на секаде. Смешно е да кажете дека вие во приватна комуникација ќе ги користите овие изрази, ваше право е само доклку се откажувате од актуелните функции, потенцира Ружин.

Слична е состојбата, додава нашиот соговорник, и со промената на преговарачката рамка.

– Треба да е јасно дека ние немаме проблем со Бугарија, ние имаме проблем со Европската унија. Преговарачката рамка е резултат на договор со Европската унија и овој договор е значаен и тоа ни овозможува да тргнеме напред кон евроинтеграциите – особено во овие моменти кога Молдавија и Украина ги почнуват преговорите. Секој изгубен ден, практично е ден изгубен за нашата држава и наштиот народ. Може да не ги респектирате меѓународните договори но тогаш ќе се сочите со меѓународни санкции, подвлекува Ружин..

Според него, тие санкции може да бидат пред се од страна на Европската унија, а може да доведуват до многу влошување на позиците на Северна Македонија, како што истакнува Ружин, во услови кога и Бугарија и Грција се практично соединети во однос на непочитувањето на меѓународните договори од страна на Владата.