Оштетени возила, паднати дрвја, поплавeни површини во Скопје. Ваков е епилогот од состојбата во текот на ноќта, предизвикана од невремето што вчера го зафати главниот град.
На 112 во ЦУК, доцна синоќа во 03:22 часот, добиена е пријава за паднато дрво врз три возила, како и на коловоз на ул.„Разловечко востание“ бр.16 (Општина Карпош).
Увидна екипа од МВР била на лице место и направила увид. Од Регионалниот ЦУК Скопје е информирано за интервенција до надлежна служба за да го отстрани проблемот.
Дрвото е паднато поради временската непогода – силен ветер и обилни врнежи.
Утрово во 06:09 часот, е добиена е пријава за уште еден оштетен автомобил, на истата улица, но на бр.12.
Во ЦУК на 112, е добиена пријава дека при невремето причинета е материјална штета во погонот на „Ла Пласт“, во Скопје, односно истиот е поплавен, според пријавителот најверојатно постои проблем со атмосферската канализација или пак е пукната цевка, при што водата тече по улица и се слева во неговите погони. Во моментот објектот се наоѓа поплавен до 50 сантиметри под вода. РЦУК Скопје ги извести надлежните служби за интервенирање според пријавениот итен случај.