Вчера во Неа Флогита се изгуби тригодишно девојче, чии родители се бараа на социјалните мрежи.
Нејзината фотографија се споделуваше во сите групи, а за среќа драмата брзо заврши, откако девојчето беше пронајдено од страна на, како што пишува на социјалните мрежи, Македонецот Сашко Радуловиќ од Миладиновци, кој објави апел за што поскоро да се најдат нејзините родители.
Во групата Грција инфо се известуваше за случајот, а откако нејзината фотографија беше објавена и случајот пријавен во полиција, полицијата го зема девојчето во полициската станица во Неа Мудања, по што беа пронајдени нејзините родители.