Бугарскиот премиер Димитар Главчев ќе инсистира Европскиот совет да ги потврди заклучоците за Северна Македонија

Бугарија ќе инсистира Европскиот совет при усвојувањето на заклучоците од состанокот да вклучи и текст за Република Северна Македонија, јавува владината пресслужба на Бугарија, пренесува Трибуна.

Премиерот Димитар Главчев денеска и утре ќе престојува во Брисел, каде за време на дискусијата на темата ќе побара од Европскиот совет да ги потврди заклучоците од 14 декември 2023 година, како и заклучоците на Советот за Северна Македонија и Албанија.

Од 18 јули 2022 година и да ја повикаат Северна Македонија да ги преземе чекорите наведени таму за да постигне напредок на нејзиниот пат кон европската интеграција.

Според бугарскиот премиер, важно е да се истакне дека имплементацијата на сите прифатени обврски, како и напредокот на сите реформи поврзани со ЕУ, остануваат клучни.