Полскиот е нагости кај македонскиот Претседател
Македонскиот Претседател, Стево Пендаровски во Вила Водно го пречека полскиот колега Анджеј Дуда. Тој е во официјална посета на земјава и беше пречекан со највисоки државни и воени почести.
„Добредојде за полскиот претседател Анджеј Дуда. Церемонија со највисоки државни и воени почести по повод неговата официјална посета на Северна Македонија. Со заеднички напори и посветеност изградивме одлични македонско-полски односи и плодна соработка во изминатите години, врз основа на меѓусебна почит и традиционално пријателство“ напиша Пендаровски на ФБ.
Пендаровски и Дуда ќе имаат обраќања и на Македонско-полскиот бизнис форум што ќе се одржи во хотел „Мериот“, а ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“.
Дуда во рамки на официјалната посета на земјава ќе има средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со претседателот на Владата, Зоран Заев.