Фудбалската репрезентација на Аргентина обезбеди пласман во четвртфиналето на Копа Америка, откако утрово на стадионот „Метлајф во Ист Радерфорд“ го совлада Чиле со 1:0 во второто коло од групата А.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Лаутаро Мартинез во 88. минута.
Во вториот натпревар од второто коло од групата А, Канада го победи Перу во Канзас Сити со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Џонатан Дејвид во 74. минута.
Перу го заврши натпреварот со играч помалку, бидејќи во 59. минута беше исклучен Мигел Араухо.
Аргентина, бранителот на титулата во Копа Америка, на коло пред крајот на групната фаза обезбеди пласман во четвртфиналето на ова натпреварување.
Аргентина е на првото место во групата А со шест бодови, додека Канада е втора со три. Чиле и Перу имаат по еден бод.
Последното коло во групата А е закажано за 30 јуни кога ќе се сретнат Аргентина – Перу и Канада – Чиле.