Загина тригодишно девојче во Италија, падналo во канал додека било на пикник со родителите

Тригодишно девојче загинало откако паднало во канал во областа Ронкајет, во Падова, додека била на пикник со родителите.

Таа била со нејзините родители, по потекло од Камерун, и нивните пријатели кога се оддалечила и паднала во каналот.

Девојчето се оддалечило од нејзините мајка и татко кои биле на паркингот во близина на местото што го избрале за пикник.

Тие се одлучиле за место полно зеленило во близина на нивниот семеен дом, а уживањето се претворило во хорор кога девојчето исчезнало.

Мајката и таткото го нашле девојчето како умира во каналот, поради што повикале брза помош.

Карабинерите реагирале на повикот за итна помош во рекордно време, но девојчето починало набргу откако било примено на педијатриското одделение во Падова.