Во Владата досегашниот технички премиер Талат Џафери, ја предаде премиерската функција на новоизбраниот премиер – Христијан Мицкоски.
По пристигнувањето, премиерите имаа кратка средба во премиерскиот кабинет.
Џафери, му го честиташе стапувањето на премиерската должност на новоизбраниот претседател на Владата, Мицкоски, пришто му посака успешна и ефикасна работа, во интерес на сите граѓани на државата.
Констатирано беше дека преодната Влада и државните институции успешно одговорија на должноста за организирање слободни, фер и демократски изборни процеси и овозможија мирно и демократско примопредавање на власта.
Ова се оцени како придонес во европското поведение на државата, којашто цели кон полноправно членство во Европската Унија.