Руските власти се уште не ги идентификувале лицата кои вчера извршија координирани напади во два града во Дагестан, при што во уличните борби загинале најмалку 15 полицајци. Во нападите врз синагоги и цркви во Дербент и регионалниот главен град Махачкала биле убиени и неколкумина цивили, вклучувајќи свештеник и најмалку шестмина напаѓачи, додека по останатите и натаму се трага. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, што властите го опишаа како терористички.
Unknown assailants have attacked an Orthodox church and a synagogue in Derbent (Dagestan). It’s the only synagogue in the city. Both were apparently set on fire.
There was also a shooting in Makhachkala targeting policemen at the same time — unclear if they are related. pic.twitter.com/m569l9mDt5
— Aric Toler (@AricToler) June 23, 2024
Регионалнниот шеф на Дагестан, Сергеј Меликов, кажа дека биле нападнати две синагоги и две православни цркви, како и полициска станица. Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат луѓе облечени во црно како пукаат кон полициски возила.
„Ситуацијата во регионот е под контрола на органите на прогонот и локалните власти. Истрагата за нападите ќе продолжи додека не се откријат сите заспани ќелии на милитантите“, изјави Меликов.
Неофицијален канал на Телеграм објави дека напаѓачите биле забарикадирани во зграда во Дербент, каде што се запалени синагога под заштита на УНЕСКО и црква, а полициско возило било нападнато и во селото Сергокал. Полицијата го уапси шефот на овој округ близу Махачкала по извештаите дека двајца негови синови учествувале во нападите.
Chairman of the Public Monitoring Commission of Dagestan Shamil Khadulayev: a priest was killed during the assault in Derbent. His throat was cut.
Security in church was shot. The rest of the priests have closed the church and are waiting for help.
Dagestan Telegram channels… https://t.co/df92tdO4Ip pic.twitter.com/fKai62H4FW
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 23, 2024
Дагестан е една од најсиромашните републики во Русија каде што мнозинството население е муслиманско и во минатото веќе беше мета на исламистички напади.
По нападот врз концертната сила близу Москва во март, кога загинаа 145 луѓе, Владимир Путин изјави дека Русија не може да биде мета на исламистички терористички напади зашто е редок пример на меѓуверска хармонија и меѓуверско и меѓуетничко единство.