Ќе ја кажам срамната придавка во заклетвата, бидејќи таа ме потсетува на срамот кој го нанесовте на мојата татковина, моето семејство, децата, и тие по нив. Јас ќе правам се што можам тој срам да го исправам, а во овој момент сум немоќен, изјави мандаторот Христијан Мицкоски на седницата за избор на нова Влада.
Тој рече дека нападите што ги слуша овие два дена се сведуваат на две тези – Преспанскиот договор и Францускиот предлог.
„СДСМ, не ја научивте лекцијата. Со овие лаги и конструкции нема да ја повратите довербата, ќе треба време да ја вратите. Изборите ги изгубивте бидејќи играа фудбалчиња вашите коалициони партнери, понижувајќи ве вас, ви се случи Ласкарци, Беса Транс“, рече Мицкоски.
Тјој повтори дека бугарски диктат додека тој е премиер нема да помине и уставни измени нема да има.
Мојата борба ќе биде секој ден, да не ги разочарам граѓаните. Она што го ветувам е дека нема да се откажам, рече Мицкоски.