Град со големина на орев, пороен дожд и силен ветер во Скопје

Невреме проследено со силен дожд, град и со чести грмотевици доцна попладнево го зафати Скопје.

Громови удираат во централното градско подрачје и осветлуваат широки области, а во некои скопски населби снема и струја.

Скопје е затемнето од темните и густи облаци и видливоста е намалена на одвај неколку метри.

Подвозниците се под вода, се слеваат реки вода по улиците на главниот град, а невремето не запира.

Пред налетот на силниот дожд и град претходеше силен ветер.

Еден час пред невремето во Скопје, и Тетово беше зафатено од ужасно невреме, кое предизвика сериозни штети а земјоделските култури, овошните насади но и оштетеи многу покриви, канделабри и возила.

Има пријави и за скршени ветробрански стакла на возила кои сообраќаат на автопатот Скопје – Тетово особено во делот на општина Желино.

ЕВН најави дека населба по населба ќе ја исклучува струјата во Тетово поради сериозен ризик од струјни удари.