Познат е идентитетот на 29-годишната девојка од Македонија која вчера загина во сообраќајка во близина на Солун, Грција.
Се работи за М. Н., родена 1995 година, соопшти Министерството за надворешни работи.
Со нејзе во возилото имало уште три девојки од Македонија, како сопатнички.
Од Генералниот конзулат на Македонија во Солун стапиле во контакт со нивните семејства и понудиле помош за асистенција за преносот на останките на починатата девојка во земјава.