Жена почина на грчка плажа

Возрасна жена вчера била пронајдена онесвестена на плажа во Полихроно на Халкидики.

Починала за кратко време откако била примена во болница, објавуваат грчките медиуми, а пренесува српски Телеграф.

Според инфирмациите од грчките медиуми, жената веднаш била пренесена со возило на Итна медицинска помош во Здравствен дом, кој се наоѓа во најблискиот блискиот град Касандра, но набрзо и била констатирана смрт.

Оттаму соопштиле дека телото ќе биде предадено на обдукција во Солун.

Истрагата ја спроведува второто одделение на пристаништето на Нео Муданиња на Централното пристаниште во Солун.