Роберто Баџо, еден од најдобрите фудбалери на „Азурите“ во историјата, бил ограбен и претепан од насилници кои упаднале во неговата вила за време на натпреварот Италија – Шпанија на Европското првенство (ЕП) во Германија, пренесуваат италијанските медиуми.
Полицијата соопшти дека во домот на Баџо упаднале петмина маскирани и вооружени провалници. Тој не седел со скрстени раце, се обидел да се пресмета со нив, но тие го совладале, а потоа го затвориле во плакар со членовите на семејството.
Потоа му украле часовници, накит и други вредни предмети.
Полицијата успеала да реагира дури кога Баџо некако се ослободил, излегол од плакарот и ги повикал.
Потоа бил префрлен во болница на лекување.
Баџо за Италија настапуваше од 1988 до 2004 година.
Како играч на Јувентус ја освои „Златната топка“ во 1993 година.