Просечната плата во април 41.085 денари
Просечна нето-плата од 41.085 денари е исплатена во април и за еден месец е зголемена за 1,5 проценти. Априлскиот бруто-износ е 61.703 денари.
На годишно ниво, просечната месечна нето-плата има раст од 13,7 проценти. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека индексот во април, споредено со истиот месец лани, е 113.7.
Зголемувањето најмногу се должи на растот кај просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: образование (21,8%), земјоделство, шумарство и рибарство (18,6%) и информации и комуникации (18%).
Месечното движење, пак, произлегува од позитивните промени во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство (6,3%), информации и комуникации (5,7%) и транспорт и складирање (4,9%).
Во април најнизок просек статистиката забележала кај објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 29.712, а највисокиот, вообичаено, е во секторот информации и комуникации, каде што е надмината осумдесетката, односно просечната нето-плата е 80.136 денари