Репрезентацијата на Аргентина со триумф во пресметката со Канада (2-0) го почна настапот на Копа Америка, која се игра во САД, а оваа средба се одигра во Атланта.
Првото полувреме не донесе ниту еден погодок, додека Џулијан Алварез во 49. минута прв ја начна мрежата на Канаѓаните.
Конечниот резултат го постигна Лаутаро Мартинез во 88. минута по уште една асистенција на Лионел Меси, кој ноќеска сруши два рекорди.
За него ова беше 35. меч на Копа Америка со што урна рекорд стар 71 година, додека стана и првиот фудбалер на ова натпреварување со асистенција на дури седум изданија по ред.
Меси можеше и предвреме да го реши натпреварот, во два наврати излезе сам пред голманот на Канада, но имаше две големи промашувања во намерата да го лобува.