Бик прегази жена во Хрватска, починала во болница
Бик прегазил жена вчера попладне, на приватен имот во Хрватска.
Седумдесет и седумгодишна жена починала од повредите кои ги добила откако била нападната и прегазена од бик, соопшти денеска локалната полиција.
Жената потоа била пренесена во општата болница во Крижевиќ, каде поради тешките повреди починала, додаваат од полицијата.