Џердан Шаќири е единствениот фудбалер кој постигнал гол на последните шест Европски првенства и Мундијали

Џердан Шаќири постигна гол на шестиот голем меѓународен турнир по ред.

Швајцарскиот фудбалер од средниот ред и член на Чикаго Фајр, го израмни резултатот во 26. минута на синоќешниот натпревар на Европското првенство 2024 против Шкотска (1:1).

Шаќири постигна гол на секое од последните шест Светски и Европски првенства – почнувајќи од 2014 година.

Тој е единствениот играч кој успеал да се запише во листата на стрелците на шест последователни големи натпреварувања.