Не излегувајте доколку немате потреба, Македонија е во портокалова фаза!

Следува период на многу топло време со натпросечни температури. Ова е предупредувањето од УХМР околу временската прогноза за следните неколку дена.

Поради тоа што Македонија влегува во портокалова фаза, Владата вчера донесе препорака бремените жени и постарите лица да не доаѓаат на работа.

Пеколни температури има и во соседството, поточно во Грција каде што неколку туристи починаа од топлото време.

Ситуацијата е алармантна и во Турција, каде што е пеколно топло.

Денеска и утре се очекува температурите да бидат и до 45 степени.