Едно лице загина, а неколку се повредени утринава во експлозија на бомба во Цетиње, недалеку од тамошниот Спортски центар, објавија „Вијести“ повикувајќи се на Управата на полицијата.
Полициската управа соопшти дека сите расположливи полициски екипи се на терен.
Во тек е истрага, наведува црногорскиот медиум.