ССК: Македонските компании треба да станат водечки во зелените иновации
Тркалезна маса на Сојузот на стопански комори на Македонија, на тема „ Научени лекции од проектот Greenovet, употреба на вештачка интелигенција во создавањето на зелени вештини за иднината ” денеска се одржа во Скопје.
Настанот е дел од Проектот GREENOVET, меѓународен проект, во кој се вклучени 18 европски партнери и истиот е кофинансиран од Еразмус + Програмата на Европската Унија. На Тркалезната маса земаа учество експерти од областа, претставници на бизнис секторот, партнери во Проектот. Се обратија претседателот на ССК, Трајан Ангелоски, Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на ССК и претседателот на Агро-бизнис комората, при ССК, , Мила Велковска од Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, Симе Пејоски, PFI Relationship manager, Добринка Стефанова Ѓоргиева, Директор на Одделот за управување со животна средина во ПроКредит банкa, а своја презентација имаше Весна Кузмановиќ, „Impala Research ” – “IMPALA” – употреба на Al во неуромаркетингот.Настанот го модерираше Проф. д-р Орце Симов, потпретседател на ССКМ и претседател на Комората за информатичко-комуникациска технологија при ССК.
Според зборовите на Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија,
„Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива, што побргу активно и максимално ангажирано влеземе во процесот, ќе можеме да постигнеме примарна позиција во однос на конкурентите од регионот, со подобри економкси перформанси обезбедени на овој начин, ќе постигнеме долгорочен бенефит, одржлив развој и модернизација на процесите. Дигитализацијата и вештачката интелигенција, се нераздвоен дел од зелената трансформација која ќе обезбеди да бидеме сигурен дел од новата реалност во бизнис секторот и економијата, воопшто. Нашата земја поседува огромен потенцијал на ова поле, единствено, ни останува да креираме кадар, вештини и да ги скратиме бирократските процедури, се со цел да добиеме брзина во трансформацијата”, истакна претседателот Ангелоски.