Бостон Селтикс по рекорден 18. пат е шампион во НБА

Кошаркарите на Бостон селтикс стигнаа до рекордната 18. титула во најсилното првенство во светот, НБА лигата откако во финалната серија со 4-1 славеа над Далас маверикс.

Клучната победа Селтикс ја остварија во натпреварот број пет на домашен терен, откако славеа со убедливи 106-88.

Џејсон Тејтум со 31 поен беше најефикасен во таборот на победникот на овој меч, додека Џејлен Браун кој се закити со признанието најкорисен кошаркар на финалната серија постигна 21 поени.

Кај Далас, повторно единствен расположен беше Лука Дончиќ со 28 поени.