Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков вечерва пред почетокот на седницата на ова партиско тело изјави оти очекува новата влада да биде ставена на гласање во Собранието околу 20 или 22 јуни.
-На 18-ти претседателот Мицкоски ќе ги поднесе имињата на министрите, всушност ќе ја поднесе новата влада и очекувам околу 20-ти или 22-ви да дојдат на гласање во Собранието, изјави Љутков.
Тој не сакаше да ги коментира објавите во изминатиот период декаќе биде предложен за министер за култура и туризам, но оцени дека тоа Министерство ќе биде едно од помоќните во новата влада.
– Со новата реорганизација која што беше изгласана пред некое време, ние работевме на фузирање на двата сектора култура и туризам и мислам дека ќе биде едно од помоќните министерства на новата влада, рече Љутков.