Курбан Бајрам како празник на човечноста, солидарноста и дарувањето, ни го покажува патот на вистинските вредности и не учи дека животот е исполнет само доколку е посветен на правење добри дела и грижа за останатите, пишува Сашо Мијалков, екс шефот на УБК, на Фејсбук.
„Се надевам дека овој голем празник го дочекувате во добро здравје и спокој, во кругот на вашите најблиски.
Нека е честит Курбан Бајрам на сите кои го слават и нека донесе благосостојба, љубов и радост во семејствата и многу успеси на професионален план“, додаде тој.