Вулин: Фестивалот „Мирдита, добар ден“ е навреда на која државата Србија треба да одговори

Вицепремиерот Александар Вулин денеска по повод најавата дека на Видовdan во Белград ќе се одржи фестивалот „Мирдита, добар ден“ изјави дека ова претставува навреда на која државата Србија треба да одговори.

„Доколку државата не одговори, ќе има простор граѓаните да кажат што мислат за ваквата гнасотија. Да бев во БИА или МУП, никој од учесниците на фестивалот немаше да ја премине административната линија и да успее да ја навреди Србија во Белград. А тоа е уште една причина зошто им пречeв и сè уште им пречам на таканаречените западни заштитници на Косово“, рече Вулин.