Интеграцијата во ЕУ зависи од два фактори, ентузијазмот на земјата кандидат и апетитот на ЕУ за проширување. Ако двете се високи процесот оди брзо, ако едното е позитивно, едното негативно, процесот живее, но Балканот влегува во две негативи и рбаотата е ретроградна, вели во гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс, политичкиот аналитичар Петар Арсовски.
– Европа е очајна за некаков напредок, гледајќи дека на Балканот нема некој сериозен кандидат и добива кандидатски статус со Молдавија и Украина кои се тотално неспремни, ќе ги пикаат во процесот од очај да покажат дека има некаков процес.
Ос економски аспект сите штрајкуваат, од каде да се најдат пари? Буџетот на Македонија е околу 4,5 милијарди евра, од нив 4,2 се потрошени дента кога ќе ја отклучиш Владата. Ти си премиер на 200-300 милиони евра, а 5 милиони евра однапред потрошени за Бехтел и Енка.
Ние паралелно имаме две пандемии, пандемија на превработеност во јавна администрација и пандемија на недостаток на кадар во приватниот сектор, вели Арсовски.
Според него самата измена на Законот за организација и работа на органите на државната управа е недоволна, бидејќи за да се овозможи комплетно функционирање треба да се изменат околу 400 други закони.
– Според некои проценки треба да се изменат околу 400 закони, за вистински новите министерства да ги добијат новите надлежности. Околу шест месеци новите министерства нема да можат да ги земат нивните ингеренции. Зошто имаме толкава администрација која не можете дигитално да извадите извод од Матична книга на родени? Возачка, пасоши не можете да извадите, вели Арсовски.
Во врска со судството и реформите во правосудството Арсовски смета дека стратешките партнери веќе имаат дадено средства за реализација на проекти за подобрување на работата во судството.
– Зошто не е секое судење јавно со пренос онлајн, на Јутјуб или на некоја друга платформа? Зошто АКМИС не функционира вистински? Зошто не направиме ревизија на 5% од судењата? Да знае судијата дека ќе има некаква проверка на неговата работа, вели Арсовски.