(Видео) Србите ја присвоија Дуа Липа – на концерт се обрати на српски
Дуа Липа, британска пејачка со албанско потекло, родена во Косово и Метохија, во рамките на својата европска турнеја пред две вечери одржа концерт во Пула арената во Хрватска, а по тој повод и се обрати на публиката на српски јазик.
Контроверзната пејачка деновиве го промовира својот албум „Радикален оптимизам“, а на концертот во Арената во Пула доцнеше 45 минути, а кога пристигна на сцената на насобраните фанови им се обрати со зборовите „Добровечер, Пула!
TO SRPKINJO MOJAAAAAAAAAA pic.twitter.com/W4Z70Mudpk
— euforija 🦋 (@cajodhibiskusa) June 10, 2024
Не беше единствениот пат кога Дуа зборуваше српски за време на концертот. Во еден момент додека ја изведуваше песната „Be the one“ таа извика: „Ајде луѓе!“.
Многу корисници на социјалните мрежи ја коментираа постапката на Дуа Липа.
„Се гледа дека е родена во Србија“, „Тоа, Србинко моја!“, „Испадна голема будала што нè плука и отворено не мрази!“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.