Во овој потопол период од годината, ЦУК превентивно потсетува дека при прошетките во природа граѓаните може да имаат случај да се сретнат со змии, при што најчесто тие бегаат од луѓето.
Но, ако змиите бидат вознемирувани намерно или ако случајно бидат нагазени или наседнати, иако во ретки случаи, можат граѓаните дури и да бидат гризнати од влекачите. Во таков случај и после права самопомош, е корисно да се јават на 112 во ЦУК, при што ќе бидат поврзани со Итната медицинска помош. Исто така, важно е да се потсети дека ако змијата е отровна, покрај правилната прва самопомош е многу важно и за што пократко време да се добие и медицински третман, потенцираат од ЦУК.
Во ЦУК, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 има повици за многу различни итни случаи, меѓу коишто имаше за опасност од присуство на змии во објекти во населени места.
Понекогаш, во одредени ретки случаи пожарникарите помагаат змиите да се отстранат од објекти и површини во населени места, но тоа не може да се оствари секогаш, особено во период на сезона на пожари. За вакви специфични случаи на појава на змии во објекти во населени места, не постојат специјализирани институции нивно отстранување, туку има физички лица, а и граѓански асоцијации за заштита на животните, коишто можат да им помогнат на граѓаните за безбедно отстранување на змии, други влекачи од објекти и површини. Таквиот ангажман и слично, се остварува секако по непосреден контакт и договор со нив, во рамки на заеднички, а и законски можности, додаваат од ЦУК.
Истакнуваат дека змиите се дел од природата и не е препорачливо да се убиваат.
Надлежни за косење на тревата се од градот Скопје. Не одговараат на прашања од медиумите зошто е запуштен овој дел од кејот.
Инаку градските јавни претпријатија со програма се задолжени за одржување на зелените површини и точно утврдена и динамиката за реализација на нивните активности поврзани со косењето на тревата од површините кои се во градска надлежност, а тоа се кејот на Вардар и косините на коритото на реката, градскиот парк, парк шумата Водно и карактеристичниот пејсаж Гази Баба.