Судијката Ана Павловска Данева се повлече, но Татјана Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство од 6 гласа за Претседател на Уставен суд, потврдија од Судот.
Со тоа Татјана Васиќ Бозаџиева остана единствен кандидат за претседател на овој суд.
Но и при новиот обид да се изгласа утринава Васиќ Бозаџиева не го добила потребниот број на 6 гласови.
И во текот на денов уставните судии ќе ја продолжат постапката за избор откако на досегашната претседателка Добрила Кацарска вчера и официјално и изтече мандатот.
Според информациите, во трката за претседател на Уставен суд ќе влезе и судијата Осман Кадриу, кој ќе се обиде да го собере потребаното мнозинство.