Килијан Мбапе во Реал Мадрид до 2029 година

Килијан Мбапе го потпишал договорот со Реал Мадрид, објавува „Би-Би-Си“.

Шпанскиот клуб се очекува да ја официјализира оваа информација иднава недела, а промоцијата на Французинот во „кралскиот“ дрес треба да биде одржана по завршувањето на Европското првенство.

Мбапе уште во месец февруари вербално се договорил со Реал Мадрид, а сега и официјално го парафирал својот потпис на сите потребни документи за официјално од 1. јули да биде нов „крал“.

Фудбалерот ќе го носи дресот на „лос бланкос“ до јуни 2029 година. Ќе заработува плата од 15 милиони евра годишно, но ќе добие и бонус од 150 милиони евра, што ќе биде распределен на 5 години.

Мбапе во ПСЖ играше од летото 2017 година, а претходно две сезони беше дел од тимот на Монако.