Европскиот фронт усвои политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува од избори

Денеска во Тетово, сите партиски органи, но и претставници во централната, законодавната и локалната власт, од политичките партии кои се дел од Европскиот фронт, едногласно ја одобрија, а потоа и потпишаа политичката декларација за етнички изборен легитимитет.

Во продолжение целосниот текст на Политичката декларација која ќе биде испратена до сите локални и меѓународни институции.

“Нашата земја, од 2001 година до денес, помина низ многу предизвици, но сите беа надминати со посветеност и искрено партнерство на локалните политички сили со меѓународната заедница.

Консоцијативната демократија воспоставена кај нас се однесува на соживот на различни општествени групи и претставува форма на владеење карактеристично за општества со различна национална, верска и културна припадност што ги остави настрана предлог-идеите за дводомната структура на Парламентот, конституирана врз основа на паритет, или онаа на територијалната политичка автономија.

Но, случувањата и чекорите по парламентарните и претседателските избори на 8 мај 2024 година го доведуваат во прашање духот на Охридскиот договор и како резултат на тоа, се враќаме на познатата политика „раздели па владеј“.

Затоа, ние, претседателите на политичките партии во рамките на Европскиот фронт, на денешната заедничка седница на нашите највисоки партиски и претставнички тела во извршните, законодавните и општинските институции на нашата земја, одржана на 02 Јуни 2024 година во Тетово, усвоивме:

Охридскиот мировен договор, потпишан од сите релевантни политички сили во земјава, гарантиран од Соединетите Американски Држави и Европската Унија, во неговите основни принципи вели дека:

„Современата демократска држава, во природниот тек на нејзиниот развој и создавање, мора постојано да обезбедува нејзиниот Устав целосно да одговара на потребите на сите нејзини граѓани, во согласност со највисоките меѓународни стандарди, како и постојано да се развива.”

Затоа, ние, долупотпишаните:

Го повторуваме нашиот евроатлантски курс како единствена алтернатива за заедничката иднина на Македонија и нашата посветеност за целосно спроведување на нормите и духот на Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство и затворање на сите отворени прашања со соседите, како предуслов за продолжување на европскиот пат.

Ја наведуваме неопходноста од спроведување на консензуалната демократија во согласност со духот на Охридскиот договор и Уставот на Република Македонија,

Повторуваме дека владините коалициски партнери мора да бидат определени од политичката волја на двете најголеми заедници во земјата, Албанците и Македонците, како и легитимните претставници на другите заедници, изразени на слободни, фер и демократски избори, во формата на обичајното право имплементирана во нашата земја кое овозможува легитимност, функционална демократија, социјална кохезија, консензуалност и правична застапеност во носењето одлуки,

Затоа, демократијата кај нас може да биде функционална и стабилна само кога мнозинската заедница ги почитува легитимните претставници на политичката волја на Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите заедници.

Консензуалната демократија кај нас значи организирање на заедниците во политички партии и учество на избори за стекнување на легитимитетот на нивните сонародници и оваа волја на нашите заедници, затоа, мора да се почитува од страна на мандатарот.

Непочитувањето на легитимитетот овозможува воспоставување на етничка хегемонија и претставува понижување кон Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите.

Ова моноетничко мнозинство, кое го нарушува легитимитетот на другите етнички заедници, го оптоварува соживотот, демократијата и тоа не треба да го дозволиме сите заедно.

Ние, домашните сили и меѓународната заедница, како гаранти на Охридскиот договор и олеснувачи на Мајскиот договор, не смееме да дозволиме враќање назад, поништување на досегашните заеднички достигнувања и мора да спречиме повторување на непочитување на политичката волја и легитимитетотмна суверениот затоа што сите сносиме одговорност за мирот, безбедноста, стабилноста на нашата земја и регионот.“ се истакнува во Политичката Декларација на Европскиот Фронт.