Во вторник ќе се дознае каде се крие телото на Данка – Срѓан Јанковиќ реши да проговори за монструозното злосторство

Срѓан Јанковиќ (50) од селото Лука е еден од двајцата осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ од Бор, а токму тој може да открие каде се наоѓа телото на девојчето.

Јанковиќ досега се бранеше со молчење, но со договор со бранителот Живадин Богдановиќ реши да проговори и да каже се што знае за грозоморното злосторство што ја потресе цела Србија, но и регионот.

Неговото рочиште ќе биде во вторник, на 4 јуни.

– Се сретнав со него и знам за што сака да разговараме, но не можам да откријам детали. Обвинителството ќе го одреди датумот кога Срѓан Јанковиќ ќе ја изнесе својата одбрана – изјави адвокатот Богдановиќ.

За потсетување, двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор. По 10-дневна потрага, полицијата ги уапси Срѓан и Дејан од Бор, осомничени дека со автомобил го удриле девојчето, ѝ го ставиле телото во багажникот и го однеле на депонија. Телото на девојчето се уште не е пронајдено.

Дејан Драгијевиќ детално го опиша убиството и рече дека телото го фрлиле на депонија, поради што потрагата била концентрирана во селото Злот. Се пребаруваа депонии, дворот на семејната куќа на Драгијевиќ, шахти и други потенцијални места, но безуспешно.

Од куќата на Дејан Драгијевиќ во Злот полицијата запленила десетици предмети кои би можеле да бидат клучни докази, а двата приватни автомобили на осомничените се испратени на вештачење.

Братот на Дејан, Далибор Драгијевиќ, почина на 7 април во просториите на полициското одделение во Бор за време на приведувањето, додека нивната мајка Светлана Драгијевиќ почина на 15 мај во куќата на соседите.

Ослободен е Радослав Драгијевиќ, кој е осомничен дека му помагал на синот Дејан да го придвижи телото на Данка.