Во текот на овие три децении, Албанците во Република Северна Македонија воделе најмалку 5 од 15 министерства/ресори, односно 6 од 15 министерства/ресори и на крајот 8 од 16 министерства/ресори (без да се споменуваат министрите без ресор и вицепремиери). Се случува за прв пат Албанците да водат само 4 министерства/ресори во најавената влада од ВМРО-вЛЕН, и тоа 4 од 16 министерства, соопштија од Алијансата за Албанците.
„Уште полошо, ќе направат законски измени за да бидат 4 од 19, што ќе биде политичко-институционално егзекутирање на Албанците во РСМ.
Нема ресор Министерство за интеграции – НЕ ПОСТОИ
Нема ресор Министерство за политики за добро владеење – НЕ ПОСТОИ
Ке има двајца министри без ресор, кои ќе имаат околу 5 вработени, еден возач и еден фотограф.
*Нема врска друже, само да влеземе еднаш, па ќе видиме“, додаваат оттаму.