Во Србија утре се одржуваат избори во 89 градови и општини, вклучително и за Советот на Белград, а граѓаните ќе можат да гласаат на избирачките места што се отвораат во 7 часот, а затвораат во 20 часот, кога завршува изборниот молк.
На почетокот на изборниот ден, избирачкиот одбор во присуство на избирачот кој прв пристигнува на гласачкото место, утврдува дали гласачката кутија е исправна и празна и го запишува во контролниот лист.
После тоа, контролниот лист го потпишува избирачот кој прв пристигнува на гласачкото место и најмалку еден член на избирачкиот одбор.