Украинската армија денеска собори 81 руска воздушна цел од 100 проектили и беспилотни летала со кои руските сили нападнаа енергетски објекти во пет региони на Украина, соопшти командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешчук.
Тој на својот канал Телеграм изјави дека руската армија лансирала 53 ракети од различни типови и 47 беспилотни летала, односно беспилотни летала „Шахед“, а украинските сили собориле 35 ракети и 46 беспилотни летала.
Меѓу соборените ракети имало четири крстосувачки ракети „Кaлибар“ и една крстосувачка ракета „Искандер-К“, напиша Олешчук.