Пропадна и третото гласање за нов прeтседател на Уставниот суд.
Има две кандидатки Татјана Бозаџиева Васиќ и Ана Павловска Данева но ниту една досега не го доби потребното мнозинство од 6 гласови.
Во два наврати гласањето беше 5:4 во корист на едната уставна судијка по што беше дадена пауза. На третото гласање по паузата повторно не беше избрана нова претседателка на Уставниот суд.
На досегашната претседателка Добрила Кацарска мандатот и истекува на 2-ри јуни.