Бранителот на Срѓан Јанковиќ, осомничениот за убиството на двегодишната Данка Илиќ, му навестил на обвинителот дека неговиот клиент сака да ја изнесе својата одбрана, дознава Данас.рс.
Срѓан Јанковиќ, досега се бранеше со молчење.
Малата Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации ги уапси С.Ј и Д.Д. од Бор, кои се осомничени дека со автомобил ја удриле Данка, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на отпад.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.