Синоќа околу 21 часот дошло до пукање во близина на ресторан во Хакни, Лондон, при што четири лица се повредени, меѓу кои и едно дете.
Напаѓачот, наводно, бил на мотор кога пукал во правец на ресторанот, а откако ранил неколку гости, со брзина излетал по улицата.
Ранетото дете е во критична состојба, а не се знае како се наоѓаат другите тројца ранети.
„Во ресторанот имаше гужва, голема група плати и си замина. Имаше истрели, сите се фрливме на подот, под масите. Настана хаос”, изјавил очевидец за Dailymail.
Полицијата интензивно работи на утврдување на околностите, а засега нема уапсени. Ранетите се пренесени во болница.
„Нашите мисли се за сите повредени и нивните семејства. Истрагата е во тек и ќе ги ажурираме штом можеме.
Тој додаде дека е убеден оти „сите во Лондон се длабоко загрижени за инцидентот, но прават се што е во нивна моќ да го пронајдат напаѓачот“.