За денеска во 10 часот е закажанa седница за избор за нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Според член 7 од Деловникот:
„Уставниот суд на седница избира претседател на Уставниот суд од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.
Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд.
Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.
Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува”.
Новиот претседател ќе дојде на местото на Добрила Кацарска чиј тригодишен мандат завршува на 2-ри јуни и нема право на реизбор.
Во трката се 8 уставни судии.