По повод локалните избори во Прешево и Бујановац, кои ќе се одржат в недела, во Приштина ќе се одржи митинг за поддршка на кој ќе присуствува и косовскиот премиер Албин Курти со цел да ги поддржи кандидатите за градоначалници Ардита Синани и Рагми Мустафа, јавува косовски Репортери.
Група за поддршка во рамките на изборната кампања за локалните избори во Прешево и Бујановац беше организирана за граѓаните од оние општини во Србија кои живеат на Косово.
Митингот ќе започне во 18 часот, во Амфитеатарот на Правниот факултет, а на него ќе говори албанскиот пратеник во српското Собрание – Шаип Камбери, кој ќе ги повика граѓаните на Медвеѓа, Бујановац и Прешево кои живеат во Косово да гласаат за неговата партија во недела.
Советникот на вицепремиерот Бесник Бислими – Рагми Мустафи се кандидира за градоначалник на Бујановац, кој вети повеќе средства за земјоделците и сточарите во таа општина, мислејќи на земјоделската програма на косовската Влада од милион евра за „земјоделците од долината“.
Ардита Синани го искористи тоа што е и советник на косовскиот премиер Албин Курти за да вети средства од Косово за тамошното земјоделство.
„Со ум и срце“ е изборниот слоган на Партијата за демократска акција – истиот слоган што порано беше слоган на движењето Самоопределување.
Кандидатот за градоначалник на Бујановац од Алтернативата за промени – Арбер Пајазити, митингот во Приштина организиран од Партијата за демократска акција, на кој ќе учествува и Курти, го нарече бесрамно мешање.